Ќе се градат 120 километри далноводи

Bez autora
Oct 11 2012

МЕПСО започна инвестициски циклус вреден над 26 милиони евра, во кој ќе бидат изградени повеќе од 120 километри нова далноводна мрежа. Kомпанијата вчера ги објави тендерите за избор на најповолен изведувач за проектирање и за изградба на два нови далновода, и тоа 400-киловолтен интерконективен далновод на трасата Штип - македонско-српска граница и 110-киловолтен далновод Скопје – Југохром - Тетово. Новиот 400-киловолтен далновод од трансформаторска станица Штип до македонско-српска граница е во должина од 70 километри и на трасата ќе бидат изградени 168 челично-решеткави столбови. Ова ќе биде второ електроенергетско поврзување со Република Србија. Трасата на новиот далновод минува низ териториите на општините Штип, Свети Николе и Kуманово. На српска страна овој енергетски вод ќе биде приклучен на трансформаторските станици во Лесковац и во Ниш.

Ќе се градат 120 километри далноводиМЕПСО започна инвестициски циклус вреден над 26 милиони евра, во кој ќе бидат изградени повеќе од 120 километри нова далноводна мрежа.

Kомпанијата вчера ги објави тендерите за избор на најповолен изведувач за проектирање и за изградба на два нови далновода, и тоа 400-киловолтен интерконективен далновод на трасата Штип - македонско-српска граница и 110-киловолтен далновод Скопје – Југохром - Тетово.

Новиот 400-киловолтен далновод од трансформаторска станица Штип до македонско-српска граница е во должина од 70 километри и на трасата ќе бидат изградени 168 челично-решеткави столбови. Ова ќе биде второ електроенергетско поврзување со Република Србија. Трасата на новиот далновод минува низ териториите на општините Штип, Свети Николе и Kуманово. На српска страна овој енергетски вод ќе биде приклучен на трансформаторските станици во Лесковац и во Ниш. Овој далновод има исклучително значење за зголемување на преносниот капацитет на македонската преносна мрежа, а истовремено значајно ќе ги подобри и стабилноста и доверливата работа на македонскиот електропреносен систем. Планирано е истиот да биде изграден во период до две години. Овој значаен проект е финансиран од кредитна линија од Светската банка и од сопствени средства на АД МЕПСО.

На ист начин ќе се финансира и целосната реконструкција на далноводот Скопје-Југохром-Тетово, што е еден од најстарите преносни водови во македонската преносна мрежа и е изграден во педесеттите години на минатиот век. Kомплетната реконструкција предвидува замена на старите бетонски столбови со нови челично-решеткави столбови по должината на трасата од 52 километра. Со реконструкцијата е предвидено и поставување нови спроводни јажиња и потребна опрема за овој далновод, а изградбата треба да заврши за 18 месеци. Со оваа реконструкција значајно ќе се зголеми преносниот капацитет на далноводот, во целост ќе се задоволат и идните потреби за снабдување на Тетово од страна на Скопје, а значајно ќе ги подобри напонските можности и доверливоста на електроенергетскиот систем и ќе ги намали загубите на преносната мрежа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik